Sweet Home

IKEA – Повеќе од уметност во декорирањето маса

Некои идеи можат да се реализираат на едноставен, но и елегантен начин. Убавината може да настане со спој на неколку нешта кои обликуваат две секојдневни акции – готвењето и јадењето…

Секоја чинија или виљушка, салфетка или секој сад, можат да допринесат за целосниот успех на еден оброк. Фотографот Karl Kleiner, претставува неколку интересни фотографии од IKEA, кои ја концептуализираат кампањата со наслов „ Визуелни рецепти “.

Уметноста во декорирање маса, создадена од IKEA, ги изразува колективните напори на сите луѓе вклучени во овој проект и нуди визуелен уметнички приказ на сегашноста на компанијата. Кујнските предмети се внимателно избрани и се поставени да обликуваат неколку примери, кои изгледаат навистина инспиративно и прикажуваат една оригинална приказна, раскажана низ фотографии…

Ручек, вечера, журка, шпагети, јајца и утринско кафе за појадок – сите овие навидум „ обични “ случувања од нашето секојдневие,IKEA ги „ заробува “ во уметност во декорирањето на трпезариската маса.

Write A Comment