ШоуБиз

Првите фотки од Drew Barrymore како невеста!

На интернет се појавија првите фотки од свадбената церемонија на актерката Drew Barrymore (37) и нејзниот сопруг Will Kopelman.

–          Денот беше совршен. Сите што ги сакаме и за кои се грижиме беа таму. Беше забавно и значајно повеќе отколку што можевме да замислиме, – изјавила актерката за списанието „People“ по венчавката, која се одржа на 2-ри Јуни во Калифорнија.

Според луѓето кои биле задолжени за декорацијата и украсувањето на просторот, Drew сакала обична свадба во дворот на својот дом. Без помпезност и преувеличување, нешто безвременско и со вкус.

Се работи за традиционална еврејска свадба украсена со розеви цвеќиња, зелени венци и класични тантели.

Ова се првичните фотки од насловната страница на списанието, а на една од нив Will го милува бремениот стомак на својата сопруга.

Write A Comment