Бројните истражувања покажаа дека умерените конзумирања на чоколада имаат бројни позитивни ефекти врз нашето здравје. Согледувајќи го потенцијалот на овие вкусни намирници , нучниците добија идеа да ја модификуваат чоколадата со додавање на состојка по име “Coco – Lucome”, која дава сила на фланидите до 20 пати повеќе во однос на обичната чоколада, а на тој начин интензивно го спречува стареењето на кожата.
Научниците од Cambridge компанијата Lucotek , тврдат дека новата чоколада претставува ефикасен лек против стареењето. Тие откриле техника на појачување на апсорбцијата на флавонидите од какаото а молекулите кои се наоѓаат во чоколадото го појачуваат снабдувањето на кожата со кислород, што е клучен фактор во успорувањето на процесот на стареење.
Процесот на модифицирање на чоколадата воопшто не влијае на нејзиниот вкус. Таа наскоро би требало да се најде во продавниците а се очекува цената да и биде нешто поскапа од обичната чоколада. Само два реда од оваа чоколада и ќе бидат доволни да се успори процесот на стареењето. Многу жени ќе бидат воодушевени со оваа иновација бидејќи покрај уживањето истовремето на своето тело ќе му обезбедат здравје и убавина.
