Трите сестри Kardashian, Kim, Khloe и Kourtney се подготвени за нов фамилијарен бизнис. Тие моментално подготвуваат нова линија на шминки.
Колекцијата приозводи ќе се вика „Khroma Beauty“, а сестрите на проектот ќе соработуваат со козметичката куќа „Boldface“. Првите три производи од линијата ќе бидат маскара, вештачки трепки и пудра, а на пазарот треба да се најдат до крајот на оваа година.
Целата козметичка линија треба да биде комплетирана идната година, а покрај споменатите производи таа ќе содржи и сенки, сјаеви за усни и кармини.
Со оглед на публицитетот кој го ужива ова семејство, а особено Kim, воопшто не треба да се сомневаме во успехот на овој амбициозен бизнис потфат.
