ШоуБиз

Dolce&Gabbana обвинети за затајување данок!

Италијанските модни дизајнери Domenico Dolce и Stefano Gabbana се соочуваат со тужба поради затајување на данок од цела милијарда евра.

Според тужителите, дизајнерите од модната марка Dolce&Gabbana се обвинети за затајување данок заедно со уште шест личности, а тужбата се однесува на периодот од 2004 година па досега, кога брендот ги отстапил своите права на една фирма во Луксембург.

Во тужбата се наведува дека тие намерно го направиле тоа со цел да го избегнат плаќањето даноци во Италија.

Славната двојка и порано се има соочено со слични обвиненија кои подоцна беа отфрлени. Овој пат тоа нема да се случи, а засега не се знае кога ќе започне судењето.

Write A Comment