Тибетантскиот духовен водич Dalaj Lama и познатиот актер Russell Brand заедно ќе ги инспирираат младите луѓе да ја откријат смислата на животот. Будистичката икона ќе им се обрати на илјадници млади луѓе во Манчестер на 16-ти Јуни, а актерот ќе му се придружи како водител на целиот настан.
Brand го одбрала „Tibet House Trust“ поради фактот што тој своевремено ја одбра духовноста во борбата со дрогата и алкохолот.
– Среќни сме што токму Russell ќе биде водител бидејќи тој покажа колку духовноста може да влијае врз нечиј живот. Промените започнуваат од основата, па Dalaj Lama ќе им се обрати на обичните, особено на помладите луѓе, кои мораат прво да ја пронајдат смислата на својот живот, – изјавил претставник на духовниот водич.

