Потребни состојки за кората:
– 8 јајца
– 200 гр шеќер
– 200 гр мелени лешници
За филот:
– кесичка чоколаден шлаг крем
– 125 мл млеко
– 300 гр јагоди
За декорација:
– кесичка шлаг
– 200 гр јагоди
За глазура:
– 100 гр чоколада за готвење
– 40 гр путер
Подготовка:
Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот, додајте ги мелените лешници и цврсто изматениот снег од белките. Смесата сипете ја во подмачкан плех, кој претходно го обложивте со хартија за печење. Рерната загрејте ја на 200 степени и ставете го тестото да се пече. Одма налаете ја температурата на 160, и печете околу 40 минути. Шлаг кремата подгответе ја по упатството, а јагодите изблендирајте ги во блендер. Печената кора преполовете ја на половина. Премачкајте ја кората со кашата од јагоди, па преку неа ставете го кремот од чоколада и прекријте со другата кора. Повторете ја постапката.
За глазурата растопете го путерот во кој ќе ја ставите чоколадата за готвење, мешајте на тивок оган додека да се растопи. Подгответе го шлагот и премачкајте ја кората. Одозгора прелијте со изладената глазура и декорирајте со јагоди и шлаг.
