Celebrity

Кети Пери како девојка на Фреди Меркјури

Улогата на Фреди Меркјури му припадна на актерот Саша Барон Коен, а неговата девојка Мари Остин , наводно ќе ја толкува Кети Пери.

Фреди бил во врска со Мари шест години, се додека не признал дека е бисексуалец. Иако ја прекинале врската тие сепак оставале во пријателски однос. Фреди често ја нарекувал како своја званична жена.

Таа била со него и во тешките моменти, кога тој се борел со хив, се до 1991 година кога починал на своја 45 годишна возраст.

Филмот би требало да почне да се снима следната година.

Write A Comment