Британскиот таблоид San, состави листа на најдобро остарени познати личности. Еве кој од нив “најдобро остарел”.
Прв на листата се најде актерот Том Круз, за него тие напишаа: “ Овој човек едноставно не старее”.
Зад него е неговата поранешна сопруга Никол Кидман 44. Иако ботоксот има завршено голема работа, сепак магазинот и даде висока оцена 9.
Следен кој се најде под “временската лупа” е Чарли Шин. Тој од 1986 почна да ги излудува жените, а денес и тој полуде и пропадна. Но, сепак добро се држи кога е во прашање физичкиот изглед.
Тука негде е и Деми Мур, 49. Иако се соочи со тешки животни ситуации таа сепак успеа да го задржи добриот изглед. Таа има 49, а изгледа подобро од многу свои колешки. Од магазинот добила оцена 9.
Зад неа се најде нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис. Исто така и тој добро изгледа, за негови години пишува магазинот. Тој има 57 години, а воопшто не личи за толку.
Едно е заедничко за сите нив, сите тие изгледаат денес многу подобро отколку во младите денови.
