Мода

Pepe Jeans – опуштено, а модерно …

Пудрести нијанси, хипи стил, цветни принтови и мода од 70те…

Pepe Jeans е синоним за младешки, модерен и опуштен изглед. Последната, летна колекција е спој од светли, песочни тонови, пудрести нијанси и џинс во комбинација со кафеави детаљи на облеката и модни додатоци.

Призвукот на модата од 70те е присутен и во облеката и во склоп на модните додатоци, Долгите фустани скроени од лесни, речиси провидни материјали се збогатени со етно шарм, сандалите на полна пета и чантите во хипи стил, оваа колекција е потсетник на модата пред 40 години. Панталони со крој трапез, шорцеви и украсни марами за глава, збогатени со земјени тонови на лесни материјали во облик на блузи и кошули – тоа е вкусот на 70те целосно модернизиран од Pepe Jeans.

Почувствувајте го !!!

Write A Comment