Но сепак има форма!!!
Planning Corea e дизајнерското студио кое успешно го реализираше овој проект. Куќата се наоѓа на вулканскиот остров Jeju.Инспирацијата е добиена токму од инсектите кои живеат кожурците, но сепак крајната идеја е уникатно ремек дело со кружен волумен и кружни прозорци.
Уникатното започнува уште на приземјето, кое всушност е поделено на три нивоа. „ Кожурец – зоната “ претставува самиот центар на куќата кој ги одделува кружната кујна и дневната соба од галеријата.
Куќата се наоѓа во селото Gotjawal, а овој прекрасен остров се состои од одмаралишта, трговски центар, казина, хотел како и нов концепт на станови во рамките на концептот Creative Business Leisure City.










