Потребно ви е:
– 10 листови желатин
– 80 гр боровница
– 350 мл јогурт со боровница
– 350 мл јогурт од ванила
– 200 мл слатка павлака
– бисквити
Подготовка:
Одвоено потопете по 5 листови желатин во вода и оставете ги да отстојат 10 минути. Посебно загрејте ги јогуртот од боровница и од ванила. Исцедете ги листовите желатин и петте ставете ги во загреаниот јогурт од ванила, а другите пет во јогуртот од боровница. Оставете ги нека се изладат. Штом јогуртот ќе почне да се соединува со желатинот, изматете ја слатката павлака и поделете ја на два дела. Ставете ја во двете смеси од јогуртот.
Во смесата со јогур од боровница ставете ги свежите боровници. Во калап ставете фолија, па сипете ја смесата со боровинки, па смесата со ванила. Со вилушка промешајте за да се прошара. Одозгора наредете еден ред бисквити и ставете го калапот во замрзнувач.
