Придржувајте се кон следниве правила за природен, здрав и убав изглед, ова Лето…
1. Заштитете ги усните – Балсамите се задолжителни за Лето, а би било убаво доколку користите и балсам со заштитен фактор.
2.Заборавете на фенот за коса – Во лето се носат брановидни и опуштени фризури. Вистинско време да избегнете сушење и други третмани со топлина.
3.Заштитете ја косата – И на косата и е потребна заштита од сонцето, но и од солта. Шеширите се одлично решение, како и регенераторите кои не се плакнат.
4.Спречете го растекувањето на шминката – Ставајте лесна шминка. Место пудра, бирајте тониран крем, кармините заменете ги со балсам во боја и користете водоотпорна маскара.
5. Решете ги „ разликите “ – Ако Ви сметаат траговите од ремчињата на сандалите кои не се потемнети, направете „ камуфлажа “ од бронзер и крем.
6.Не прикривајте ја изгорената кожа – На тој начин ќе ја влошите состојбата. Наместо тоа , смирете ја со гел од алое вера и потоа прикријте ја со крем во боја и тоа со златни нијанси или лосиони за тело со додаток – сјај.
7. Правилно нанесете го кремот за самопотемнување – Пред нанесувањето направете пилинг, за да ги отстраните мртвите клетки. После тоа, телото нахранете го со хидратантен крем и на крај нанесете крем за самопотемнување.
8.Не заборавајте на овие места: Ушите, вратот, кожата помеѓу прстите, рацете и градите… Тоа се местата кои се најчувствителни.
9.Избегнете ги мозолчињата – Кога се потиме, се зголемуваат. Би требало да користите креми за сончање кои не ги затвараат порите. Спречете го зголеменото потење, а со тоа и појавата на мозолчиња со носење облека од природни материјали како памук и лен.
10.Правилна депилација на бикини зоната – Честата депилација може да резултира со воспалување и поткожни влакненца, а за да ги избегнете, направете пилинг кој ќе ги отстрани мртвите клетки.
