Потребни состојки:
– 900 гр исчистени праски
– 2 лажици лимонов сок
– 3 кесички желатин
– 150 мл вода
– 250 мл слатка павлака
– 100 гр шеќер во прав
– 2 кесички пудинг од ванила
– 500 мл млеко
– 3 лажици шеќер
Подготовка:
Разматете го пудингот со малку млеко, а останатото млеко и шеќер ставете ги да се варат. Пред да зоврие млекото ставете го разматениот пудинг и варете додека не се згусне. Одвојте 200 гр праски, а преостанатите испасирајте ги и ставете им го шеќерот во прав. Прелијте го желатинот со вода и ставете го на тивок оган, при тоа не прекинувајте со мешање. Кога ќе биде готов додаете го пирето од праски, лимоновиот сок, и убаво изматениот шлаг. Смесата соединете ја со пудингот и убаво измешајте. Смесата сипете ја во подмачкан округол плех и печете 15 мин, на 180 степени. Одвоените праски исечете ги на кришки и ставете ги кратко да се варат. Со нив декорирајте го колачот кој одозгора може да му посипете и малку мед. Ставете го во фрижидер и служете го ладен.
