Секако дека знаете за каква забава станува збор… Особено, за адреналинскиот дел, моментот кога веќе заборавивте на скалите по кои се качувавте, за да го доживеете спустот кој ќе Ви направи особено задоволство…
Ако сте љубител на ваквите авантури, задолжително мора да ги посетите следниве водени паркови, од затворен тип:
1.Sandcastle Water Park, Обединетото Кралство – Ова е местото во кое ќе бидете добредојдени во текот на целата година… Особено задоволство ќе имаат лицата над 18 години, со оглед на спектакуларните содржини и екстремни спустови наменети токму за нив.

2.Аquaworld, Будимпешта – Станува збор за еден од најголемите водени тематски паркови од затворен тип во Европа, направен во стилот на замокот Cambodian Angkor.

3.Therme Erding, Германија – Релаксација во повеќе секции, уживање во неизмерен луксуз… Најголемиот спа центар во Европа…

4.Аlpamere Waterpark ,Швајцарија – Доколку Ви станат здодевни дождливите денови, упатете се кон ова место со неверојатни атракции и тобогани. Блиску е до Цирих.

5.Serena Water Park, Хелсинки – Најголемиот скандинавски, тропски парк. Базени во вид на меурчиња, неверојатни тобогани…

