Оваа необична куќа е наречена Cloud House, „ куќа – облак “ и се наоѓа во Мелбурн, Австралија…
Дизајнирана е од студиото Mc Bride Charles Ryan, како додаток на куќата во Едвардијански стил во Fitzroy North.
„ Уличната фасада, остана да ја покаже почитта на клиентите спрема еволуцијата на карактерот на оваа област и скромната промена на фасадата е надвор од обемот на сеопфатното внатрешно реновирање. Просторот во својата оригинална структура, е претежно бела боја, со егзотичен цветех тепих во ходникот. Ова патување во просторот е надополнето и со црвената дезинтегрирана „кутија“. Тоа е кујната, сместена во срцето на куќата, која служи како мост кој ги поврзува двата главни простори. Додатокот во облик на облак е неочекуваното финале на просторот “.
Новиот додаток е свртен кон југ, истовремено овозможувајќи умерено северно сонце во собата за дневен престој и овозможува ефикасна природна вентилација. Додека геометријата е разиграна, додатокот во суштина е современо „ буре “.










