Дестинации

Rka Andronikos Resort, Миконос – градација од едноставност до совршенство !!!

Andronikos e хотелот полн со воздишки и свежина… Во овој совршен ресорт и високите температури се безначајни, со оглед дека сé околу Вас се стреми кон ледено листа белина…

Космополитскиот ресорт кој се наоѓа во Миконос и кој овозможува спектакуларен поглед кон Егејското море, е вистинскиот избор, доколку се одлучите за ова монденско место…

Близината до прекрасната плажа, модерниот дизајн кој ги опушта сите сетила, гурманската можност да ги вкусите специјалитетите од  ресторанот Lady Finger Greek gourmet и релаксирачката атмосфера во познатиот Orange Blue bar се вистинска експлозија од настани и чувства, гаранција за одмор кој никогаш нема да го заборавите…

Ова е местото кое поврзува… Овде, ќе стекнете многу пријателства и ќе доживеете забава, како никогаш до сега.

Прочистете го умот од грижи, инспирирајте ја Вашата душа и ревитализирајте го Вашето тело во Andronikos Resort …

Доживејте брилијантно искуство !!!

Write A Comment