ШоуБиз

Кејти ќе го “одере” Том Круз

Веќе ја објавивме веста дека холивудскиот пар Кејти Холмс и Том Круз се разведуваат. Најновите информации велат дека по разводот Кејти ќе земе голем дел од богатството на Том.

Пред да стапат во брак, во 2006-та година, Том и Кејти потпишале предбрачен договор со кој тој се обврзал доколку се во брак 11 години, да и даде на Кејти по 3 милиони долари за секоја година, и огромна луксузна вила на Беверли Хилс, вредна 35 милиони долари.

Но, тие во брак беа само 6 години, што значи овој договор за Кејти нема да важи. Но, од друга страна таа ќе бара комплетно старателство над нивната ќерка Сури, па затоа и барањето за развод го поднела во Њујорк, а не во Калифорнија, бидејќи таму законот го доделува старателството само на еден родител.

Актерката засега од романсата со Круз, има право да земе 15 милиони долари, а ќе му бара и куќа како и голема сума на пари за издржување во склад со доегашниот џепарац кој изнесуваше 125.000 месечно.

Write A Comment