Виното не ни се чини како паметен избор за топлите летни денови, но научниците не мислат така. Шпанските научници истражувале, и на крајот дошле до заклучок дека состојката во црвеното вино која се вика флаваноид може да ни помогне како заштита од штетните сончеви зраци. Освен во виното, оваа состојка ја има и во чоколадата.
Флаваноидот може да спречи кожни инфекции и алергии кои се појавуваат како резултат на штетните сончеви зраци. Затоа напијте се една чаша добро црвено вино и уживајте во сонцето.
