За разлика од девојчињата, момчињата читањето го сметаат за здодевно, утврди студијата на Британскиот национален совет за читање и Парламентарните групи за читање, спроведена на 21.000 деца, на возраст 8 – 16 години.
Речеиси 22,3% од децата во однос на 18, 5% девојчиња читањето го гледаат како навика на бубалиците. Нив, за разлика од девојчињата, многу им е позабавно гледањето TV и играњето видеоигри, поради што се и послаби во читањето, пренесуваат британските медиуми.
Исто така, момчињата сметаат дека читањето е активност за девојчињата, а скоро секој трет не може да ја пронајде книгата која го интересира. Во основните училишта, речиси 90% од учителите се жени, поради што, момчињата читањето го гледаат како „ женски вид забава “, потврдуваат студиите.
Истражувачите тврдат дека децата не смеат читањето да го гледаат како обврска, па за да ги зголемиме нивните шанси за успех во школувањето, во животот, треба да ги поттикнеме да читаат од задоволство…
