Првутот е грозна слика која може да фрли во вода часови поминати за убав изглед на косата. За да се решите од него не ви требаат скапи шампони. Ова се неколку трикови во кои ќе го употребите маслиновото масли и ќе се ослободите од него на лесен начин.
Измешајте еднаква количина на маслиново и бадемово масло. Со оваа мешавина убаво истријте го коренот и оставете нека делува 10 минути. Потоа убаво измијте се со шампон, и ефектот ќе го забележите веднаш.
Третман со врело масло
Загрејте 100 мл маслиново масло на тивок оган. Намокрете ја косата, а потоа маслото ставете го на крпа. Со неа обмотајте ја главата, и одозгора ставете една кеса. Оставете нека делува 30 минути, а потоа измијте се.
