Веста дека Том Круз и Кејти Холмс се равведуваат изгледа дека е само почеток на драмата која следи.
Адвокатите на Круз конечно се огласија во јавноста, но судејќи според нивната реакција, најверојатно драмата сега ќе започне. Тие истакнале дека Том е страшно разочаран од однесувањето на Кејт, што дозволила сите нивни убави и неубави моменти да ги сподели со јавноста. Тој бил огорчен од неа затоа што не дозволувала тој да си ја види својата ќерка, што можел само телефонски да разговара со неа. Се мисли дека таа ја користи Сури како оружје.
Адвокатите на Том истакнале дека старателството сеуште не е утврдено, дека Том нема да се откаже така лесно од она што и на него му припаѓа.
