Џенифер Анистон можеби не е свесна, ама е решение на еден голем проблем. Имено еден маж, Џошуа Гарлати побегнал од својата жена и од бес решил да не и плаќа ни алиментација за својата ќерка. Тој заминал од Алентуана во Пенсилванија, каде живеел, па се преселил на Хаваите.
Неговата жена очајно се трудела да го најде, а особено ја револтирал фактот што тој не сакал да плаќа алиментација. Откако го пронашле, таа му спремила супер трик за да го намами да се врати. Му пратила човек кој го контактирал преку интернет и му понудил соработка со Џенифер Анистон. Гарлати седнал на првиот авион, но наместо на аудиција кај Анистон, стигнал пред полицијата. Сега Џошуа ќе плати за се…
