Убавина

Од краставица направете ја целата козметика на нега на вашата кожа

На многумина од нас краставицата ни е омилен зеленчук, но освен што ќе ни понуди здравствени предности и уживање, може да ја употребиме како состојка од која ќе “произведеме” козметика.

Лосион за сите типови на кожа

Измиксирајте три краставици, па исцедете го сокот од нив. Ставете го во 100 мл алкохол, лажичка глицерин, и половина кесичка лимонтус. Лосионот најпрво чувајте го на сонце 20 дена и процедете го. Користете го за нега на лицето, вратот и деколтето.

Маска за масна кожа

Свежа краставица ситно исецкајте ја и измешајте ја со една лажица јогурт и една лажица мед. Со оваа смеса намачкајте го лицето и оставете нека делува. Потоа измијте се со млака вода.

Маска за сува кожа

Изрендајте една голема и зрела краставица. Процедете ја и густата смеса измешајте ја со павлака. Со оваа смеса намачкајте го лицето, вратот и деколтето.

За избледување на подочниците

Извадете ја внатрешноста на краставицата која се состои од семки. Тврдиот дел изрендајте го и ставете му малку мед. Ставете ја смесата во газа, па ставете ја преку очите и оставете нека делува 15 минути.

Write A Comment