Мојата кујна

Направете домашно вино од капини

Ова вино има посебен вкус и арома, едноставно мора да го подготвите 🙂

Потребни состојки:

На 1 кг капини треба 250 гр шеќер.

Подготовка:

Во длабоко и широко шише се реди еден ред од капините, па еден ред шеќер. Правете го тоа додека не го наполните шишето. На крајот секогаш треба да биде шеќерот. Затворете го шишето со една тенка газа и оставете го на сонце да отстои 18 до 21 ден за да проврие.

Потоа процедете го два пати, ставете го во шишиња и убаво затворете ги. Чувајте ги на темно и ладно место.

Write A Comment