Мојата кујна

Црвенкапи за комплетно задоволство

Потребни состојки за корпите:

–      200 гр путер

–      2 јајца

–      500 гр брашно

–      пола кесичка пециво

–      50 гр чоколада

За првиот фил:

–      кесичка пудинг од чоколада

–      50 гр чоколада за готвење

–      2 лажици шеќер

–      500 мл млеко

За вториот фил:

–      кесичка желе со арома на јагода

–      слатко од јагода

Подготовка:

Замесете го тестото од путерот, јајцата, растопената чоколада, брашното и пецивото. Од тестото обликувајте топчиња, а потоа расплескајте ги по округлите калапи. Ставете ги да се печат околу 20 минути на 180 степени.

Сварете го пудингот од чоколада, а кога ќе се згусне измешајте ја во него и растопената чоколада. Откако ќе се излади, пудингот ставете го во чоколадните корпи. Направете го желето од јагода и ставете го во истите калапи во кои ги печевте корпите. Не ги полнете, доволно е да ставите по 1 цм во секој. Кога убаво ќе се стегне извадете го желето од калапите и ставете ги одозгора на корпите со тоа што долниот дел ќе го свртите нагоре. Одозгора украсете со слатко од јагоди.

Write A Comment