Мојата кујна

Уживајте викендов со „Pina Colada“

Еден класичен и егзотичен пијалок кој е навистина многу популарен благодарение на млечниот вкус и прекрасната арома.

Потребни намирници:

–        40 мл рум

–        20 мл малибу или ликер од кокос

–        150 мл сок од ананас

–        30 мл млеко

–        10 мл течна слатка павлака

–        Декорација: банана, цреша, чадорче

Начин на приготвување:

Исипете ги горе набројаните компоненти во шејкер, додадете 4-5 коцки лед, добро измешајте 30-40 секунди и исипете ја содржината во стаклена висока чаша. Можете да го замените малибуто со кокосово млеко кое се продава во конзерви. Тогаш не претерувајте со течната павлака. Пијалокот треба да е пресечен и тоа нека не ве загрижува.

Write A Comment