Сејџ Сталоне, синот на Силвестер Сталоне е пронајден мртов во својата куќа во Лос Анџелес.
Истражителите не сакаат да даваат никакви информации за јавноста се додека не стигнат конечните резултати од аутопсија и од токсиколошките испитувања.
Безживотниот Сејџ го пронашол човек кој работел за семејството, и веднаш го пријавил случајот во полиција. Кога пристигнала полицијата само ја констатирала смртта.
Не е пронајдено никако писмо или белешка која кажува дека Сејџ извршил самоубиство, само покрај него биле пронајдени неколку шишенца со апчиња, но не може да се каже дека тие се причината за смртта.
