Мојата кујна

Црни палачинки полнети со свежо овошје

Потребни состојки за тестото:

–      60 гр темна чоколада

–      2 лажици путер

–      3 јајца

–      45 гр шеќер

–      малку сол

–      320 мл млеко

–      пола лажица ванилин шеќер

–      2 лажици какао

–      150 гр брашно

За филот:

–      200 гр бела чоколада

–      250 мл слатка павлака

–      50 гр шеќер во прав

–      банана

–      2 киви

–      неколку јагоди

–      малини

Подготовка:

Растопете го путерот и чоколадата на пареа, со постојано мешање. Кога чоколадата ќе се растопи тргнете го садот од оган. Во подлабок сад изматете ги јајцата, па додајте го шеќерот и солта, млекото, ванилиниот шеќр, брашното и какаото. Матете додека не добиете убава смеса без грутки. Измешајте ги двете смеси и оставете  да отстои во фрижидер половина час. Испржете ги палачинките и секоја од нив филувајте ја со подготвениот фил.

За филот: растопете ја белата чоколада и откако ќе се излади додадете ја во изматената слатка павлака и шеќер во прав. Исецкајте го овошјето и додадете го во филот.

Write A Comment