Третиот дел на хорор филмот „Хостел“ ќе биде објавен само на ДВД, бидејќи се смета дека е премногу брутален за да се покажува низ светските кина.
Со овие зборови филмот го опишуваат самите продуценти и затоа третиот дел, за разлика од првиот и вториот, ќе ги плаши гледачите само во нивните дневни соби.
Во третиот филм дејството се сели од Европа во Лас Вегас, а сè останато е исто како и претходно – група млади дечки се наоѓаат на мета на еден садистички убиец, кој овој пат ќе покаже „неверојатна креативност во мачењето на своите жртви“.
Режисер на „Хостел 3“ е Скот Спигел, а главните улоги ги играат Брајан Хелисеј, Кип Пард и Џон Хенсли.
Ова е трејлерот:
httpv://www.youtube.com/watch?v=9bQuqVdI7ro&
