Пловечко одморалиште на обалата во Катар е еден од најекстравагантните проекти на светот.
Изградбата на Amphibious 1000 ќе чини околу 500 милиони Американски долари и ќе вклучува 80 четворо-спратни објекти за сместување, наредени во облик на медуза
Проектот го дизајнираше Италијанската компанија Giancarlo Zema Design Group, а ќе се протега на копно и на море. Ќе има четири огромни хотели со поединечни соби испод нивото на водата и адекватни луксузни јахти од 20 метри, кои ќе се движат на хидроген и ќе возат богати гости во обиколка, нудејќи им да следат што се случува на дното на морето.
Со концепт случен на Palm Island во Дубаи, хоризонтално Amphibious 1000 ќе се протега на простор од еден километар.
На копно ќе има музеј, пловечки стази, ресторан со панорамски поглед, изложбен простор, аквариуми и стаклен тунел кој ќе води до опсерваторија во центарот на водниот парк.
Одморалиштето е дизајнирано да биде ”во хармонија со природата” објавија од Giancarlo Zema Design Group.









