Ако на вашата маса се најдат преку целиот ден намирници во една боја ќе јадете многу помалку. На овој начин брзо ќе ги стопите вишокот килограми.
Бел ден
Појадок – фрапе направено од млеко со ниска масленост и две банани
Ручек – крем сума од печурки, пилешко филе, интегрален леб.
Вечера – тестенини без јајца со сирење.
Совет плус: можете да јадете ограничена количина индиски ореви и банани.
Жолт ден
Појадок – фрапе од млеко од соја и диња.
Ручек – крем супа од тиква, рижото со телешко месо, црвен кромид и еден морков.
Вечера – омлет со јајца и жолти пиперки.
Совет плус: во текот на денот јадете грејпфрут.
Зелен ден
Појадок – интегрален леб, намаз од туна и шоља зелен чај.
Ручек – супа од зеленчук и парче интегрален леб. Во еден литар вода ставете брокула, лук, дршки од целер и магдонос. Убаво мешајте посолете и ставете бибер.
Вечера – тестенини без јајца со сос од морски плодови и зелена салата.
Совет плус: во текот на денот јадете грејпфрут.
