Излив на емоции, искрени и цврсти прегратки… вака изгледаше првата средба на Том Круз со неговата шест годишна ќерка Сури. Откако се разведе од Кејти, ова беше нивната прва заедничка средба.

Кога Том бил во новиот дом на Кејти, со цел да ја земе Сури воопшто не се сретнале. Кејти одлучила да нема повеќе никаков контакт со Том.

Том и Сури престојувале во еден хотел во Њујорк, каде цела толпа од новинари ги прателе цел ден.
Според странските медиуми, Том и Сури се во постојан контакт. Тие секојдневно се слушале на телефон, четувале или се гледале на камера преку социјалните мрежи.
Освен со Сури, Том се гледа и со децата од претходниот брак со Никол Кидман.
