Потребни состојки:
– 15 кришки тост леб
– 300 гр салата од мајонез, варени јајца и зелена салата
– 10 парчиња пилешка салама
– 10 парчиња кашкавал
– 3 домати
– зелена салата
Подготовка:
Направете ја најпрво салатата од мајонез, варени јајца и зелена салата. Ситно исецкајте ги состојките, па измешајте ги со мајонезот. Со оваа салата премачкајте ги лепчињата. На пет кришки ставете по две парчиња салама и кашкавал. Одозгора, врз секое лепче ставете уште по една кришка. Ставете домати и зелена салата, па уште една кришка одозгора.
Секоја кришка пресечете ја дијагонално, така што ќе добиете 20 сендвичи. Послужете со помфрит и свежа салата.
