Родителите имаа половина помал ризик за настинка во однос на луѓет кои немаат деца, барем така е објавено во научниот американски магазин „Psychosomatic Medicine.
Истражувачите од Универзитетот во Питсбург веруваат дека причината за тоа се непознати психолошки и бихејвиорални разлики меѓу родителите и лицата кои немаат деца.
Во нивната студија биле користени 795 возрасни лица од кои некои биле изложени на вирус кој е предизвикувач на настинката.
Родителите заболувале 52% помалку од оние кои немале деца. А помал ризик е забележан и кај оние родители кои живеат со децата, независно од присуството на антителата во организмот.
