Потребни состојки:
– 150 гр малини
– 50 гр малини
– 2 киви
За кремот:
– 500 мл млеко
– 100 мл слатка павлака
– 2 лажици шеќер
– кесичка пудинг од ванила
– 150 гр младо несолено сирење
– ванилин шеќер

Подготовка:
Во сад за матење сипете го млекото и слатката павлака, додадете го пудингот и шеќерот и кратко матете со миксер со најмала брзина. Потоа ставете го садот на пареа и варете додека да се згусне кремот. Тргнете од оган и матете со миксер матете две до три минути со најголема брзина. Кога кремот малку ќе се излади додадете го сирењето и изматете убаво. Кремот ставете го во стаклени чаши, ставате еден ред крем еден ред овошје. На крајот декорирајте со овошје. Чашите ставете ги во фрижидер и послужете додека е ладно.
