Мојата кујна

Кокос колач со чоколада

Потребни состојки:

–          1  обланда

–          6 белки

–          35 гр шеќер

–          15 гр брашно

–          10 гр кокосово брашно

–          Изрендана кора од лимон

За кремот:

–          6 жолчки

–          6 лажици шеќер

–          20 гр црна чоколада

–          2,5 дл млеко

–          20 гр маргарин

–          Кокос за посипување

Подготовка:

Изматете ги белките и шеќерот во цврст снег. Додајте го брашното, кокосот и лимоновата кора и убаво измешајте. На плех за печење ставете едно парче обланда и одозгора сипете ја изматената смеса. Печете на 180 степени околу 25 минути. Ивадете ја кората и соатвеет ја да се излади.

Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете ја растопената чоколада и млекото. Варете на пареа на тивок оган додека филот не се згусне. Ёво потполно изладената смеса додадете го пенесто изматениот маргарин. Убаво измешајте за да се изедначи смесата и со неа премачкајте ја кората. Одозгора посипете со кокосово брашно.

Write A Comment