Потребни продукти за приготвување на овој пијалок:
- 1чаша студено кафе
- 1 чаша млеко
- 3 супени лажици шеќер
- 3 топки сладолед од ванила
- 3 супени лажици чоколаден сируп

Измешајте го кафето, млекото и шеќерот во блендер и миксирајте на средна брзина околу една минута за добро да се раствори шеќерот. Додадете го сладоледот и чоколадниот сируп и мешајте на максимална брзина додека не се добие еднообразна кремовидна смеса. Исипете ја смесата во чаши и декорирајте со шлаг и уште малку чоколаден сируп. Прекрасно летно освежување и изненадување на вашите пријатели кои сте ги поканиле на кафе. Уживајте во вкусот на летото.
