Мојата кујна

Крем сладолед од малини

Потребни состојки:

–          375 гр малини

–          3 лажици шеќер

–          лажица лимонов сок

–          150 мл павлака

–          2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Убаво измијте ги и исцедете ги малините. Во блендер испасирајте ги малините. Овошната каша измешајте ја со шеќерот и лимоновиот сок и ставете ја во фрижидер. Цврсто изматете ја слатката павлака и додајте го ванилиниот шеќер и пирето од малини. Кремот ставете го во сад и оставете го во амрзнувач да отстои два часа.

Write A Comment