Романтичното расположение не е само состојба на душата. Треба да знаете дека атмосферата многу допринесува за тоа. И во контекст со тоа, еве неколку проекти за романтични спални соби, различни по стил и детали, украсени со најразлични балдахини над креветот, со оргинални конструкции за таванот и фини украси по ѕидовите, ретро и современ мебел.
Палетата на бои која се асоцира со романтиката ги вклучува нежните нијанси: розово, виолетово, кремаво и праска, небесно сино, чоколадо, сребрено и секако сите варијации на белата боја.
Спалната соба е местото што треба да ви овозможи максимална удобност и да ги смири сите сетила пренесувајќи ве нежно во светот на соништата, топлите тела и врелите бакнежи. Погрижете се за своето љубовно гнездо, а со таква цел е создадена и нашата галерија што ќе ја видите подолу.


















