Потребни состојки:
– 3 јагоди
– кајсија
– киви
– еден грст боровница
– еден грст малини
– лимон
– половина лажица мед
– 3 шолји вода
– праска

Подготовка:
Направете лимонада со водата, медот и лимонот. Исецкајте го овошјето и ставете го во калапите за сладолед. Сипете ја лимонадата и затворете ги калапите или длабокиот сад, ако го подготвувате сладоледот во еден сад. Оставете го во фрижидер добро да се стегне. По избор може да го промените овошјето, може да го ставите она што ви е омилено.
