Медиумите пишуваат секакви приказни за љубовниот живот на Јелена Карлеуша. Се зимислуваат љубовници и неверства, па таа морала да ги крие сите весници со таква содржина од својот сопруг.
На својот профил на Твитер напишала: наскоро мојот Душко се враќа од припреми, па јас морав да ги сокријам сите весници за кутриот човек да не мора да ги чита сите глупости кои новинарите ги смислија.
Инаку мајката на Јелена, Дивна пред извесен период била кај некоја гатачка и и било соопштено дека нејзината ќерка ќе се омажи повторно со богат бизнисмен од Америка. Дивна со голема радост ја соопштила веста во јавноста, бидејќи смета дека нејзината ќерка не го направила вистинскиот избор.
