ШоуБиз

‘Не ги баројам годините, тие за мене се бесмислен број’

Наоми Кемпбел од ден на ден изгледа се подобро.

‘Стареењето и јас не одиме заедно рака за рака. Со тоа многу добро излегувам на карј па затоа не се плашам од годините, за мене тие се бесмислен број’, изјавила Наоми., 42-годишната манеканка за која мажите, а и жените сеуште воздивнуваат.

Поради телесните атрибути , за неа полудел и нејзниот избраник – милионерот Владислав Дронин, кој својот модел накоро ќе ја изненади со куќа на Ибица.

Всушност, по купувањето на домот во Москва, имотот во Турција и два приватни, луксузни имоти во Јамајка и Мајами, двојката во својата имотна картичка ќе ја допише и вилата на Ибица. Таму се до крајот на ова лето, Наоми се подготвува за работните обврски меѓу кои на есен ќе се појави во нова телевизиска улога. Манекенката ќе започне шоу ‘The Face’, во кое заедно со колешките Каролина Курков и Коко Рош ќе бидат ментори на убавиците – идните модели. Со младите девојки желни за слава на писта тие ќе ги поминуваат аудициите, снимањата и сето она што на почетокот на кариерата и самите морале да го совладаат.

‘Гледачите ќе видат како е да бидеш во модната индустрија и ќе се уверат дека иако се работи за гламурозна работа, тоа воопшто не е лесно’, вели шефицата Наоми, чие шоу на ТВ екраните ќе се појави во септември.

Write A Comment