Со што го поврзувате летото? Со сонце, море, одмор, забава…и коктели. Освен што се многу вкусни тие се освежителни, а ние дефинитивно имаме потреба од разладување во овие горештини.
За подготвување на оваа фиеста од лубеница ќе ви биде потребно:
30 мл текила
90 мл сок од лубеница
1 супена лажица овошен сируп
20 мл газирана вода
5 листови нане
Неколку капки лајм
Приготвување:
Измешајте го сокот од лубеница и нането исецкано на ситно. Додадете го сирупот, текилата, газираната вода и лед. Истискајте неколку капки лајм, измешајте добро и исипете во стаклена чаша за коктели. Украсете со парченца лубеница.
