Семејниот излет во локалниот парк не можел да помине незабележано, а познатата актерка била во центарот на вниманието.
31-годишната Џесика Алба со 34-годишниот сопруг Чеш Ворен и ќерките Хонор и Хевн уживала во паркот на Беверли Хилс.
Познатото холивудско семејство, ако ги занемариме бројните љубопитни објективи кои кружеле околу нив, делувале среќно и опуштено, а едногодишната Хевн била ѕвезда на идилично дружење. Алба која билаоблечена во едноставен црн долг фустан, уште еднаш покажала дека е една од најубавите холивудски актерки. Судејќи според фотографиите, лежерното семејно издание многу и одговара!





