Мојата кујна

Домашен ликер од смокви

Сега е вистинскиот момент да го приготвите овој неверојатно вкусен и ароматен ликер од смокви што ќе ве загрее во студените зимски месеци. Лесно се приготвува и навистина е добро да го имате во домот. Потребни намирници:

1 кг свежи, добро узреани смокви

500 мл вода

600 мл чист вински спирт

300 гр кафеав шеќер

(ако имате убава ракија, можете да ја искористите)

Најпрво се прави пире од смоквите кои се полеваат со 500 мл вода и се оставаат да отстојат на темно и ладно место, но не во фрижидер. Четири дена покасно се процедува. Се приготвува смеса од 600 мл чист вински спирт и 300 гр шеќер. Ако имате убава ракија можете да ја употребите. Измешајте добро за да се соединат компонентите. Оставете готовиот ликер да се избистри сам. Ако бојата не е доволно интензивна, може да се подобри со прехрамбена боја по избор.  Најдобро би било да изберете рубин црвена. Се исипува во стаклен сад што добро се затвара.

Write A Comment