Науката открива дека омега 3 масните киселини кои ги има во рибиното масло може да имаат директно влијание врз зголемувањето на должината на животот на клетките.
Истражувањето на екипа од калифорнискиот универзитет во Сан Франциско е првата од овој вид студија која го поврзува рибиното масло со способноста на телото да се спротивстави на предвременото стареење. Во експериментот биле набљудувани пациенти со проблеми со срцето кои веќе се упатени да ја зголемат конзумацијата на риба за да се заштитат од повторување на срцевиот удар.
Експертите го анализирале ефектот на омега 3 масните киселини кај 700 пациенти со болести на срцето. Тие потврдиле дека високото ниво на омега 3 го намалува оштетувањето на теломерите од ДНК-та, односно крајните сегменти на хромозомите, кои штитат од воспаленија, разни болести и предвремено стареење.
Подолгите теломери се знак дека човекот е биолошки помлад и поздрав. Со зголемување на возраста теломерите се скратуваат и стануваат поосетливи на повеќе болести. Омега 3 масните киселини, како што претходно кажавме успеваат да ја сочуваат должината на овие структури колку може подолго, а со тоа да ја подобрат здравствената состојба на човекот и должината на човечкиот живот.
