Навистина има безброј оргинални идеи со чија помош можеме да го украсиме својот дом и да го претвориме во мало рајско катче. Искористете го своето слобдно време и забавувајте се додека ги изработувате овие одлични декоративни елементи.
Првиот проект за денес е декоративно огледало. Изберете празен ѕид кој ќе го обите во некоја жива боја за да се постигне контраст. На тој ѕид покасно ќе ги поставите парчињата огледало. Тоа би изгледало вака:



Најпрво направете форми од хамер како овие на сликава подолу и поставете ги врз огледалото. Потоа се што треба да направите е да испрскате со спреј во бела боја или некоја друга и огледалото е готово. Откако бојата ќе се исуши, поставете ги на ѕидот.


Вториот проект е свеќник од парче дрво и малку фантазија…




Резултатот е ваков. Се разбира вие може да декорирате на свој начин…


