Холивудскиот шармер ќе има многу љубовни сцени со турската колешка!
Бред Пит наскоро патува во Турција каде ќе сними неколку епизоди на популарната серија Сулејман Величенствениот. Тој ќе игра еден од балканските војсководци, а актерката Fahriye Evcen која ја знаеме од серијата “Кога лисјата паѓаат” ќе му биде љубовна партнерка.
“Љубовта на војсководецот и неговата драга ќе биде толку силна што ќе ја засени дури и рамансата помеѓу Сулејман и Хурем, која остави силен впечаток во емитуваните епизоди”, открива за медиумите извор од тимот на серијата.
Бред ќе добие по два милиони долари по епизода, а и понатаму не е познато во колку епизоди ќе се појави. Интересно е тоа што сцените од него и Fehriye изобилуваат со бакнежи и прегратки и медиумите се надеваат дека Анџелина Џоли ќе биде на овој актерски ангажман.
