Мојата кујна

Мохито од лубеница! Мора са се проба!

Идеата за мохито од лубеница искрено пријатно ме изненади, многу ми се допадна и секако решив да ја споделам со вас. Сигурна сум дека ќе ги воодушевите вашите пријатели послужувајќи ги со ваков фенси пијалок. Пробајте го уште вечерва!

Еве што ќе ви биде потребно за да го приготвите:

600 гр лубеница излупена и изчистена од семките

100 мл бел рум

2-3 чаени лажички шеќер во прав, во зависност од тоа колку е слатка лубеницата и вашиот вкус

Лед

Лајм и свежи листови нане за декорација

Измешајте ги во блендер лубеницата, румот и шеќерот и мешајте се додека не се добие добро изедначена смеса. Процедете и оставете да истече без да мешате дополнително.

Наполнете 2/3 од 2 високи чаши со лед, додадете по 4-5 свежи листови нане и дебело парче лајм.

Измешајте со лажица за да може вкусовите да се смешаат. Додадете го миксот со лубеницата и сервирајте веднаш.

 

Write A Comment